И денеска нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 22 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.

Од понеделник според прогнозите ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови повторно ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе