Културно-информативен центар на Србите во Македонија

Хуманитарни концерти во Куманово и Скопје за српско семејство на Косово

Културно-информативниот центар на Србите во Македонија СПОНА, во Куманово и во Скопје организира хуманитарни концерти наменети за помош на семејството на самохраната мајка Весна Томовиќ од Косово.

Весна со нејзините три мали деца живее во селото Долни Крњин во Косово и Метохија, во трошна куќа која им припаѓа на нејзните тетка и тетин и самата куќа се распаѓа. Во близина на старата куќа започната е изградба на нова, но таа е во застој, a за целиот процес на изградба потребни се 21.000 евра.

„Имаме можност да им помогнеме на овие деца и нивната мајка и тие да имаат пристојни услови за живот. Доколку секој од нас се вклучи и помогне со скромен прилог, сигурно ќе успееме во својата намера и веќе за неколку месеци ќе може да уживаме во една поинаква слика за едно намачено семејство, но барем под сув покрив и чист дом.

Концертот во Куманово се одржа вчера во Занаетчискиот дом, а во Скопје ќе се одржи вечер во киното Култура со настап на „Косовски божури“, „Призренски богослови“ и етно составот Извор”, информира СПОНА.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе