Хуманитарен базар во меѓунродното училиште „Нова“

Стотици граѓани викендов го посетија традиционалниот семеен базар во меѓународното училиште „Нова" во Скопје на кој се собраа средства наменети за Дневниот центар за деца на улица - Шуто Оризари. Посетителите можеа да купат традиционални специјалитети од кујните на 14 држави претставени на базарот, меѓу кои најпопуларните беа: американската, австралијанската, македонската и јапонската маса.

Дополнително посетителите имаа можност да купат книги и ракотворби од домашни и странски уметници. Се одржа и лотарија со вредни награди, музички точки кои ги подготвија учениците во „Нова“ додека најмалите гости уживаа во мини – зоолошка градина. Меѓу присутните беа повеќе амбасадори во нашата држава како и в.д. амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер – Блум како и голем број други видни гости.

„Базарот е круна на сите општествено-одговорни активности кои се организираат во „Нова“ во текот на целата година со цел кај учениците да се всади чувство за одговорност кон заедницата во која живеат и работат. Настанот секоја година сè повеќе се развива и нешто што почна во многу помал размер сега зазема големи димензии. Бројот на луѓе кои го посетуваат базарот е сè поголем, а ние како образовна институција се трудиме да соработуваме со институции на кои навистина им е потребна помош и овие средства ќе им го олеснат секојдневието“ велат од меѓународното училиште „Нова“.

Манифестацијата е организирана од Здружението на родители и професори од „Нова“ во соработка со училиштето. Досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ итн

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе