Пак лош Извештајот на ХКЧП

Хоророт на затворот во Идризово: Осудениците спијат на под во мувла и влага до опасни кабли и ги лазат бубачки...

Во периодот од мај до август 2022 година беа остварени посети на сите казненопоправни установи и воспитно-поправната установа. Хелсиншкиот комитет за човекови права објави Извештај во кој се вели дека и покрај многуте заложби од страна на државата, меѓународните и домашните организации да се подобрат условите во казненопоправните и воспитно-поправната установа, системските недостатоци сè уште постојат. Осудениците спијат на под, во ќелиите висат опасни кабли, има бубачки, а како прибор за храна слободно користат и ножеви кои се употребуваат и при инциденти. 

Очигледно е дека надлежните институции и понатаму немаат соодветна меѓусекторска соработка за проблемите со кои се соочуваат лицата лишени од слобода во овие установи, па поради тоа и потфрлуваат во исполнувањето на своите законски обврски за надминување на проблемите кои долго време се провлекуваат и оневозможуваат осудените лица да ги уживаат своите права и сооветно да се ресоцијализираат. 

Најголемиот затвор во државава, затворот во Идризово, согласно податоците од август 2020 година, има вкупен капацитет од 1.253 легла, а во моментот на посета бројот на осудени лица што издржуваа казна беше 1.115 лица. 

Од нив 77 се жени што ја издржуваат изречената затворска казна во женското одделение затворот. 

Условите за издржување на казната затвор во КПД Идризово не ги задоволуваат минималните стандардни услови што предизвикува незадоволство кај затворениците. Ваквата констатација се надополнува и со укажувањата на граѓанските организации и Европскиот комитет за спречување на тортурата и друго сурово и нечовечко постапување. 

„Сепак, и покрај бројните забелешки и континуирани критики, во објектите „Зграда“ и „Амбуланта“ што го сочинуваат затвореното одделение на најголемата казненопоправна установа КПД Идризово, не се забележани никакви позитивни промени. Осудените лица и понатаму издржуваат казна затвор во супстандардни услови, со високо ниво на влага, која во некои делови од установата достигнуваше дури 66 % од дозволен максимум од 50 %.

Во објектот „Зграда“ во некои од собите се сместени по 10-12 лица во соби кои не ги задоволуваат стандардите ниту во поглед на големина ниту пак во поглед на материјални услови, влага и светлина.

Инсекти и други инсекти се лесно забележливи по ѕидовите во установата, а осудените лица имаат бројни убоди по телото од нив. Тие спијат на кревети на 3 ката, па често се случува осудените лица што спијат на третиот кат да паднат додека спијат. За споредба, во некои соби од овој објект, други осудени лица се ставени во поповолна положба, со тоа што во иста големина на соба издржуваат казна 2 или 3 лица во значително подобри услови за нив.

Дел од осудените лица, поточно речиси 10 лица во објектот „Зграда“ во 1 крило, 3 крило и 4 крило спиеја на под на душеци или пак импровизирани легла направени од ќебиња и перници.

Осудените лица кои спијат на под во ходниците немаат тоалети, па поради тоа се приморани да ги користат тоалетите на осудените лица кои имаат соба.

Ваквата слика потврдува дека пренатрупаноста е сè уште нерешен проблем во оваа установа, кој се провлекува години наназад. Покрај бројните забелешки во однос на материјалните услови, остри критики се упатуваат и за храната која, според кажувањата на осудените лица, им се дава еднаш во денот во недоволни количини, а нејзиниот квалитет е толку лош што голем дел од осудените лица кои имаат финансиски можности јадат храна од надвор која им ја праќаат во пакети нивните блиски“, стои во Извештајот. 

Во КПД Идризово нема трпезарија што може да се користи од осудените лица, па затоа во сите соби од установата можеа да се забележат ножеви и друг прибор за јадење.

Ваквата појава е недозволена и сериозна, имајќи предвид дека оваа установа, особено затвореното одделение, е местото каде се сместени осудениците лица со најголем безбедносен ризик во државата. Оттука е неприфатливо ножевите и останатиот прибор да се наоѓаат во овие простории.

Тие често се употребуваат во вербални и физички расправии помеѓу осудените лица, а припадниците на затворската полиција при вршење на своите должности се често пати повредувани од страна на осудените лица со овие остри предмети.

Дел од собите немаат бојлери, па така осудените лица во најкритичниот дел од установата со најниско ниво на хигиена, 4-тото крило, каде во најголем дел се сместени осудени лица од ромска етничка припадност, се принудени да импровизираат со кабли за затоплување на водата за капење поради што имало и случај на струен удар кај едно осудено лице кое се здобило со телесни повреди при туширање.

Во затвореното одделение во „Зграда“ се наоѓаат и просториите за самица, кои беа затекнати во супстандардни услови, со влага во висина од 60 %, без можност за проветрување на просторијата со свеж воздух, без доволно природна светлина ни вештачка светлина, а тоалетите во самицата беа затекнати во најниско ниво на хигиена.

Поради осудените лица за случајот „Диво Насеље“ и нивниот посебен режим на движење надвор и забраната да имаат контакт со други осудени лица, лицата кои се сместени во самица имаат можност да шетаат надвор помалку од еден час во текот на денот, што беше потврдено и од припадник на затворската полиција.

Осудените лица кои беа сместени во самица известиле дека не се редовно прегледувани од страна на доктор. На решенијата за изрекување дисциплинска мерка тие немаа вложено жалба бидејќи 11 решението не им било доставено, туку отпосле прикачено на вратата од просторијата од надворешната страна.

Приемното одделение во установата во моментот на посетата броеше 17 лица. Во просторијата беше забележана влага од 62,3 %. За време на посетата можеше да се забележи дека каблите за струја во тоалетот сè уште висат и предизвикуваат опасност по здравјето и животот на осудените лица.

Осудените лица сместени во приемното одделение се задржуваат многу долго, од 17 дена до 4 месеци, поради безбедносни причини. Објектот наречен „Амбуланта“ треба целосно да се сруши како и објектот „Зграда“.

Тука простор за реконструирање и подобрување на постоечките услови нема. Влагата е присутна во сите простории, хигиената е на најниско ниво, а голем број од осудените лица кои се тука сместени страдаат од некаков вид на ментални нарушувања. Имајќи ја предвид категоријата на лица кои издржуваат казна во затвореното одделение, државата треба да вложи посебни напори за развивање добра внатрешна атмосфера во овие одделенија. Тоа е во интерес не само на хуманото постапување кон осудените лица во одделението, туку и за одржување ефикасна контрола, безбедност и сигурност на персоналот.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе