Поинакви „убавини“ на Преспанското Езеро

Хорор во хотелот „Европа“ во Отешево (ВИДЕО)

Марко Џамбазоски, слободен уметник, режисер, монтажер, и рок музичар во бендот Визија, деновиве направи уште една мала обиколка на Македонија и објави неколку видео материјали за природните убавини на земјава. Но, ова е кус видео материјал за некогашната гордост на Преспа, хотелот Европа кој се распаѓа откако по пожарот пред 15 години, беше цел на крадци, скитници и дом за животни. Денес сликата е ваква.

View this post on Instagram

Прошетка низ напуштениот хотел „Европа“. Бидејќи многумина ме распрашуваа и се интересираа за хотелот „Европа“ во Отешево кој неодамна го посетив, решив да склопам една видео прошетка низ оваа градба, која веќе 15 години претставува само едно сведоштво за постоењето на овој хотелски комплекс кој своевремено бил едно од најатрактивните места за летување во Македонија, сè додека не го зафатил голем пожар, кој крадците го искористиле за целосно да ја докрајчат внатрешноста. Пред да стапнам внатре, сè уште го замислував онака како што го паметам кога како дете со моите родители летувавме тука: средени соби, многу гости, детски жагор, ресторан со убава храна и жива музика... Денес, освен препознатливата фасада, ништо повеќе не е исто. Толку е тивко што секој шум те вади од такт. Сите седум катови наликуваат исто, празни и демолирани соби, уништени тераси и звуци од глувци и лилјаци (веројатно и тие збунети што некој им го ремети мирот). Сепак, една од работите кои останале исти е погледот кон езерото, една од најпрепознатливите карактеристики на „Европа“, кој е изграден така што секоја соба имала поглед кон прекрасниот езерски хоризонт. Во минатите години, многумина ветувале обнова на хотелот, секоја нова власт најавувала инвеститори кои ќе го вратат сјајот на овој преспански бисер, но за жал, до тоа никогаш не дошло.  А кој знае, можеби и навистина некогаш повторно ќе заживее хотел „Европа“... Дали и вие имате некакви спомени од овој хотел или пак знаете некое слично место? . . #НеистраженаМакедонија #rebornphoto #instagraphymkd #instagraphytk #фотонанеделата #фотонаденот #инстаграмџии #hauntedhouse #hauntedhotel #revoshot #natureloversmacedonia #vscobalkan #vscomacedonia #истражијамакедонија #exploremacedonia #Macedonia #Македонија #macedoniatravel #macedonianlife #gopro #video #prespa #otesevo #abandonedbuilding #findyourwild #pixelpanda #killergrams #hotel #nikon

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski) on

МКД.мк лани објави фотогалерија од хотелот, Украина го има Чернобил, ние го имаме хотелот Европа во Отешево.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе