ХК: Институциите итно да им помогнат на граѓаните кои претрпеа штета од пожарите

Хелсиншки комитет за човекови права бара институциите итно да им пружат помош на граѓаните кои претпреа штети од пожарите и констатира дека е потребна темелна реорганизација на институциите кои се надлежни да се справуваат со вакви катастрофи. Комитетот повикува Обвинителството да реагира навремено и транспарентно на сите случаи на подметнати пожари.

„Веќе цела недела беснеат шумски пожари на повеќе места низ државата, а по интензитет и опасност за загрозување на населените места особено се истакнуваат шумските пожари во североисточниот регион на државата. Ограничените технички и човечки капацитети на шумските инспекции и противпожарните служби, за чие раководење и надзор одговорноста ја делат општините, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈУ Национални шуми, укажува на потребата од темелна реорганизација на овие служби во наредниот период“, смета Хелсиншки комитет.

Комитетот нагласува дека во моментов тоа што треба да се направи е итна и неодложна заштитата на луѓето кои се најпогодени од огнената стихија.

„Од тие причини, центрите за социјална работа во областите погодени од пожарите во овие мигови не треба да чекаат барања за да постапуваат, имајќи предвид дека не сите граѓани ги знаат правата на материјален надомест во случај на катастрофи. Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општините, треба да им пружи неопходна финансиска и психосоцијална поддршка на најзагрозените. Државата треба да ги стави на располагање своите сместувачки капацитети, за навремено да се згрижат лицата чии живеалишта се опожарени или кои се во непосредна близина на пожарите. Исто така, исплатата на соодветен надомест за санирање на штетите врз објектите и посевите мора да биде навремена“, потенцира Хелсиншки комитет.

Во соопштението се порачува во насока на спречување идна и поголема штета,  надлежните институции да ги засилат контролите во шумите на територијата на целата држава, а лицата, за кои ќе се докаже дека подметнале пожар, да одговараат за своите кривични дела.

„Оттука, апелираме до Основното јавно обвинителството итно и транспарентно да постапи во случаите каде што веќе има осомничени“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека месецов ќе даде посебен приоритет на бесплатната правна помош за лицата кои на директен или индиректен начин трпат имотна и друга лична штета од пожарите.

„Нашите правни советници се на располагање за секој граѓанин којшто има потреба од правна помош и советување, на телефонските броеви 02 3119 073, 072 278 436, 0800 44 222 и на [email protected]“, се наведува на крајот од соопштението.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе