Хаварија на канал за ХЕ Врбен (ФОТО+ВИДЕО)

Лизгање на теренот предизвика сериозна хаварија на доводите на вода за хидроелектраната Врбен од акумулацијата Мавровско Езеро. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) потврдуваат за оштетувањата на дел од каналот. 

 

„На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случила појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот. Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до ХЕ Врбен“, одговорија за МКД.мк од ЕСМ.

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе