Полноќен упад

Хакери влегле во мејлот на Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека синоќа биле цел на хакерски напад, поради што медиумите добивале стари мејлови на Инспекторатот.

„Околу полноќ поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина“, стои во соопштението на Инспекторатот.

Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот.

„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, се наведува во соопштението на Инспекторатот.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе