„Околу полноќ поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина“, стои во соопштението на Инспекторатот.
Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот.
„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, се наведува во соопштението на Инспекторатот.