Гужва на Богородица

Продолжениот празничен викенд утрово ја обнови сообраќајната гужва на македонско-грчката граница како од деновите на шпицот од туристичката сезона.

Од дежурната гранична служба за МИА изјавиле дека за излез од земјава се чека од 15 до 20 минути поради задолжителната проверка на документите, но и тоа дека чекањето го диктира грчката страна која утрово е бавна во обавување на формалностите поради што двете граници се споени со возила.

Нашите гранични службеници не можат да проценат колку време е потребно да се мине грчката граница, но затоа потврдија дека на наша страна во моментот функционираат пет сообраќајни ленти за автомобили и една за автобуси и камиони. 

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе