Во време на вонредна состојба

Гугл: Мобилните телефони покажаа дека Македонците најмногу ги нема по кафаните и во јавниот транспорт

Гугл подготви уште една алатка која според мобилните телефони го одредува движењето на луѓето во една држава. Ова, во време кога владите донесуваат мерки за изолација, е добра алатка за мерење на почитувањето на владините ограничувања на движењето поврзани со насоките поврзани со ковид-19. Овој извештај не е наменет за медицинска дијагностика, за прогнози или за за насоки за лични патувања.

За 41 % се намалени движењата на македонските граѓани по маркетите, трговските центри и аптеките. Речиси ист толкав процент, 44%, се намалени регистрираните мобилни телефони чии сопственици се движеле по парковите и јавните простори.

Оваа алатка покажува дека македонските граѓани во однос на февруари во март се за 74 отсто помалку присутни во кафаните, рестораните, кафулињата. 69 отсто луѓето се помалку присутни во јавниот превоз, 51% на работните места, а пораст има само присуството дома - 18 %.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе