Со пожарот во „Глобал“ се бореле над 60 пожарникари

Гудев: По пријавата на пожарот, пожарникарите пристигнаа за три минути

Командирот на струмичките пожарникари Гудев изјави дека пожарот во „Глобал“ го пријавила стражарската служба во трговскиот центар и дека пожарникарите стигнале за три минути. Борбата со огнот траела пет часа, учествувале 61 пожарникар со 18 возила од струмичката единица како и од Радовиш, Кавадарци, Штип и Валандово, но и цистерни од струмичкото комунално претпријатие. Уништени се приземјето и првиот кат од „Глобал“, делумно и локали на вториот кат.

Гаснењето на големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал" во Струмица, кој избувна синоќа во 23.12 часот, траело скоро 5 часови, а во борбата со огнената стихија учествувале вкупно 61 пожарникари со 18 возила. Пожарот е изгаснат утрово во 3.50 часот.

Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарот во „Глобал" бил пријавен од стражарската служба, а пожарникарите стасале за 3 минути. Најпрвин избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

„Опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и на дел од вториот. При гаснењето е повреден еден пожарникар, кој вдишал јаглероден монооксид и беше пренесен во болницата во Струмица каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување", рече Гудев.

Тој побара од граѓаните да се воздржат од негативни коментари по социјалните мрежи и да не се шири говор на омраза. Како што рече, пожарникарите својата работа ја работат спопред прописи, правила и процедури и најостро ги демантираше информациите дека пожарникарите делувале ненавремено.

И по осум часови од изгаснувањето на пожарот дежурна екипа на ТППЕ Струмица е на местото на пожарот заради догасување на одредени жаришта во приземјето каде се уште тлее.

Увид од страна на инспектори за пожари се очекува да биде извршен утре, по што треба да се знае која е причината за еден од најголемите пожари на објекти во Струмица.

МИА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе