Групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ од денеска е затворена, потврди МВР

Групата „јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм повеќе не постои, денеска е затворена по барање на МВР, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

МВР уште за време на викендот испрати барање до сопственикот на Телеграм, чие седиште е во Велика Британија, а во меѓувреме успеа да идентификува еден од креаторите и еден од модераторите на групата. И двајцата се возрасни лица од Скопје, а против нив досега нема никаква пријава. Но, од МВР потврдуваат дека за случајот има пријава од родител чија малолетна ќерка завршила во групата „Јавна соба“.

Групата постоела неколку месеци, во септември прво била на Инстаграм, потоа се префрлила на Вибер, за на крај да заврши на Телеграм. На неа се споделувале слики и клипови со порнографска содржина од девојки и од земјава и од странство, од кои некои биле малолетни.

 

 

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе