Насилство во кочанската населба „Трајаново трло“

Група луѓе клоцаат дете додека тоа ги моли да го однесат кај мајка му (ВИДЕО)

Тинаесетгодишно дете беше жртва на брутално физичко насилство од страна на жителите на кочанската населба „Трајаново трло“. Овој настан се случил на 11 април, околу 20 часот, а видео за ова беше споделено по социјалните мрежи. Детето буквално ги моли да го однесат кај мајка му, кажувајќи каде се наоѓа таа, но наместо тоа добива ќотек, клоци и тупаници. На видеото се слуша плач и вриштење од детето. Случајот е пријавен и во МВР и најавија дека се преземаат мерки, а ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

„Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете", а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани. ОВР Кочани презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта. Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н. , Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави", стои во соопштението на МВР.

Од Обвинителството за сега велат дека нема притвор за ниту еден од пријавените, но официјално за текот на овој настан ќе соопштат дополнително. 

 

 

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе