Активни се два пожари

Гром запали плевна со 500 бали слама во Старо Нагоричане

Два пожари се случиле изминатово деноноќие на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Гром го предизвикал пожарот во Старо Нагоричане во село Добрача каде изгореле 500 бали слама во опожарен помошен објект.

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенирала од 18:15 часот со едно возило и двајца пожарникари во село Добрача на запалена плевна. Од гром биле запалени 500 бали слама пожарот е ставен под контрола во 21:50 часот, информираше РЦУК Куманово.

Кумановската територијална противпожарна единица интервенираше на пожар на „дивата" депонијата, на улицата „Ѓорче Петров" на запалено ѓубре во периодот од 20:20 до 20:50 часот со едно противпожарно возило и троца пожарникари.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе