Пет дена по пожарот во Гевгелија

Греалка среде лето предизвикала пожар во зграда, а греалката била вклучена од екипа на ЕВН?

Шест стана изгореле од пожарот што пред шест дена (на 30 јули) избувнал во колективната станбена зграда на улица „Ристо Чавдаров" во Гевгелија. Станарите од оваа зграда сѐ уште немаат струја и вода, а еден од нив вели дека токму екипа на ЕВН била виновна за избувнување на пожарот.

 

МВР по извршениот увид соопшти дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите. Вклучена греалка во јули на температури над 30 Целзиусови степени? Многу прашања отвори ова соопштение на МВР за причината на пожарот.

Но, оваа дилема ја решава Б.Г., станар од зградата на улицата „Ристо Чавдаров“. Пожарот избувнал во еден од социјалните станови, на извесен Беби Вејсели, кој веќе неколку месеци не ги плаќал сметките за електрична енергија. Конечно, Беби решил да ги плати сите заостанати сметки, па екипа на ЕВН дошла токму на денот на избувнувањето на пожарот.

„Дента пред да се запали најпрво станот на Беби, а потоа и другите, екипа на ЕВН дојде да го приклучи станот во електричната мрежа. Платени биле сметките, ми рече еден од двајцата вработени во ЕВН. Им реков дека никој нема во станот, па можеби е подобро да дојде некој. Не се согласија со мене. Веднаш откако го приклучија струјомерот, се виде дека броилото почна брзо да врти, што е невообичаено за овој дел од годината. Но и тоа не беше никаков знак за 'стручњаците' на ЕВН. Го вклучија броилото и си заминаа. 45 минути подоцна избувна пожарот“, вели во изјавата за МКД.мк Б.Г.

Подоцна, вели станарот, еден од електричарите стоеше пред зградата која веќе беше во пламен, а неколку противпожарни возила го гасеа пожарот.

Станарите од поткровјето на оваа зграда останаа без своите станови, а цела зграда веќе пет дена немаат ни вода ни струја.

А.Д.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе