Грција укина рестриктивни мерки за ковид-19, од денеска без маски и во затворени простории

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска.

Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

„Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории“, рече тогаш Плеврис.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска.

Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат некои од претходните рестрикции.

Од почетокот на пандемијата, во Грција има 3.453.229 случаи на Ковид-19 и 29.845 починати лица.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе