Најмалку до 15 август

Грција остана затворена за Македонците

Забраната за воздушни и морски врски со Северна Македонија, Турција и Албанија е продолжена до 15 август, предмалку соопшти грчкиот заменик-министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, пренесе Катимерини.

Меѓу мерките што денеска ги соопшти Хардаљас е и продолжувањето на прекинот на авионските и морските поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и Турција, до 15 август 2020 година, како и одлуката што се однесува на копнените граници.

Одлуката за копнените врски (гранични пунктови за влез / негативен ПЦР тест не постар од 72 часа) и за негативен ПЦР-тест за оние што пристигнуваат со авион од Бугарија, Романија и Соединетите Држави, исто така, се продолжува до 15 август.

Хардаљас на вонредниот брифинг рече и дека од 1 до 31 август задолжително е носењето маски во сите затворени простории, се забрануваат посети во домовите за стари лица и во болниците и се воведуваат ограничувања од 100 лица на свадби, крштевки, погреби во согласност со сите постојни здравствени правила.

Денеска во Грција се регистрирани 78 нови случаи на коронавирусот, од кои десет беа откриени на влезните точки во земјата. Во последните неколку часа се пријавени уште три смртни случаи, со што вкупната бројка достигна 206.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе