За туристите од зелената листа

Грција ги опушта мерките, за влез на деца под 12 години не треба ПЦР

Се менуваат правилата за влез во Грција, Комисијата на епидемиолози при грчкото Министерство за здравство одлучи да воведе одредени промени при влегувањето во таа земја, соопшти вчера заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Фото: ЕПА

Грчкото Министерство за туризам вчера објави информација дека е донесена одлука со која се олеснуваат условите за влез во државата на туристите што доаѓаат од т.н. „зелени земји“, во кои спаѓа и Македонија.

Хардалиас објасни дека по предлог на експертите за инфективни болести, за државјаните на земјите од зелената листа ќе биде дозволено влегување во Грција со брз антигенски тест не постар од 48 часа или со негативен ПЦР не постар од 72 часа, додека за децата помали од 12 години нема да биде потребен тест.

Одлуката освен за Македонија се однесува и за патниците од Србија и другите земји од зелената листа. Таа сѐ уште не е објавена во службен весник, но се очекува да почне да се применува најдоцна до крајот на овој викенд, со што престануваат претходните одлуки за влез во Грција.

Од „портокаловите“ зони Грција ќе прима вакцинирани со 72-часовен ПЦР, а од „црвените“, односно ризичните земји, ќе прима вакцинирани со 72-часовен ПЦР и 7-дневен карантин, а на крајот од карантинот повторно ќе биде потребен тест пред да бидат пуштени во земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе