Грчки медиуми за синоќешната несреќа: Трагедија во Северна Македонија

„Трагедија во Северна Македонија“ е насловот што преовладува во текстовите објавени од грчките медиуми за вчерашната несреќа на автопатот Скопје – Гостивар.

Уште синоќа дел од медиумите во Грција објавија за страшната сообраќајна несреќа и првичната информација за петмина загинати, а во текот на вечерта ги обновуваа и ги дополнуваа текстовите, како што се зголемуваше бројот на жртвите, јави дописничката на МИА од Атина.

Утрово пак, медиумите ја преземаат и ја пренесуваат веста под наслов „Дводневна национална жалост во Северна Македонија за 14 загинати во превртување на автобус“, објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Уште еден повреден им подлегна на повредите по превртувањето на автобус во близина на Скопје, со што бројот на починатите се зголеми на 14. Од околу 30 повредени што се хоспитализирани во болниците во Скопје, најмалку шестмина се борат за живот“, пишува АНА-МПА.

Во текстот е спомената синоќешната владина седница и одлуката денеска и утре да бидат денови на жалост, а пренесена е и изјавата на премиерот Зоран Заев.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе