Гратче во Хрватска бара доктор со платен стан и бонус од 6.700 евра, на огласот се јавила само докторка од Македонија

Во гратчето Сучурај на хрватскиот остров Хвар веќе половина година има отворен оглас за лекар по општа медицина.

Покрај платата и стан, општината нуди и бонус од 50.000 куни или околу 6.700 евра годишно. Од Хрватска никој не се јавил на огласот. Единствена заинтересирана за работата била докторка од Македонија, објави ХРТ.

Амбулантата во Сучурај е празна. Нема пациенти, нема ни лекари. Има само една медицинска сестра со стаж од 37 години.

„До денеска никој се нема пријавено на огласот. Имаме најава дека би можело да ни дојде докторка од Македонија, се чека да се средат документите. Значи никој од Хрватска не сака во Сучурај", рекол градоначалникот на општината Иван Славиќ.

Најблиската итна помош е во Јелса, до неа има 53 километри. Патот е лош, жителите на Суќурај велат дека не се стасува во рамките на „златниот час" на итната помош. И не е оваа приказна единствена, тоа е случај и во другите мали места на островите. Лекари нема ни за лек, пишуваат хрватските медиуми.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе