Кампања „Обединет Балкан за чист воздух“

Граѓаните треба да знаат колку е загаден воздухот

Државите и локалните самоуправи се должни да овозможат пристап до информации околу загадувањето на воздухот во кое било време, а ова прашање е подеднакво важно како и известувањето за природни катастрофи, порачуваат претставниците на кампањата „Oбединет Балкан за чист воздух“.

„Граѓаните на Западен Балкан имаат право да го знаат моменталното ниво на загадување на воздухот и да бидат информирани за сите понатамошни случувања. Локалните и државните институции треба да им дадат навремени информации, како што тоа го прават во случаи кога се намалува квалитетот на водата во јавните системи за снабдување или кога има зголемување на сончевото ултравиолетово зрачење.

И покрај значителните достигнувања што се случија од првичното поставување на станиците за мониторинг на квалитетот на воздухот, тие сепак имаат недоволно територијално покривање. Дури и во урбаната околина, немаат информации за одредени загадувачи, особено најфините честички од прашина (ПМ 2,5), што е една од најопасните материи. Многу станици во регионот ги објавуваат своите податоци задоцнето, иако тие би биле релевантни за населението само доколку се достапни секој час“, пишува во соопштението.

Според организаторите на кампањата, повеќето од земјите во регионот немаат прецизен регистар на извори на загадување и дефинирани нивоа на емисии на штетни материи, а тоа, заедно со недостатокот на сериозни инвестиции во станиците за мониторинг, спречува усвојување соодветни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Со потпишување на Декларацијата од Софија во ноември 2020 година, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија се согласија да ја одобрат

Зелената агенда за Западен Балкан, која вклучува обврска да се подобрат напорите за следење и известување, отворајќи пат кон фондовите на ЕУ.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ е иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со Правото на градот (Белград, Србија), Институтот за регулирање на обновливите извори и животната средина (Белград, Србија), Отворено училиште во Белград (Белград, Србија), Институт за животна средина и територијално управување (Тирана, Албанија), Екофорум (Зеница, Босна и Херцеговина), Центар за економија и енергија (Тузла, Босна и Херцеговина), Сбункер (Приштина, Косово), МојВоздух/AirCare (Скопје, Македонија ) и ОЗОН (Подгорица, Црна Гора).

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе