Граѓани протестираат пред Владата, бараат да не се прифати францускиот предлог

Попладнево граѓани излегоа пред зградата на Владата каде изразуваат револт порад последниот француски предлог за почнување на преговорите со ЕУ. Граѓаните бараат овој предлог категорично да се отфрли и бараат оставка од политичарите од власта заради тоа што сметаат дека Владата веќе покажала дека сака да го прифати предлогот за кревање на бугарското вето.

На протестот се носат знамиња, маици со македонски симболи и се извикуваат погрдни зборови за власта.

Инаку, сенароден протест со барање да се отфрли предлогот за кој Владата денеска се произнесе позитивно, за утре најавија ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе