Петиција

Граѓани бараат донесување уредба за воведување евтина тарифа на струјата

Повеќе од 36.000 граѓани бараат воведување евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба.

На интернет-петицијата пишува дека задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. „Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.). Затоа бараме од Владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш!

Во прв ред тоа е воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата - зголемени износи на сметките за струја. Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!“

Со оглед на тоа што над 36.000 граѓани ја поддржаа петицијата, сметаме дека сте обврзани оваа иницијатива да ја ставите на разгледување и гласање на првата следна седница на Владата, порачува групата граѓани, организатори на оваа петиција.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе