Пред доделувањето на оскарите

Градоначалникот на Лозово се сети на ѕвездата од „Медена земја“, Атиџе ќе работи во општината

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски денеска вети дека ќе ја вработи Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја" и дека општината ќе ја финансира поправката на кровот од нејзината куќа.

„По завршување на турнеите и земањето на оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово. Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио“, напиша Велковски на својот фејсбук-профил.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе