500 години од постоењето на Кумановo

Градоначалниците на Куманово и Нови Сад потпишаа договор за збратимување

По повод одбележувањето на јубилејот – 500 години од постоењето на Куманово – потпишан е и договор за збратимување помеѓу Куманово и Нови Сад, објави oпштина Куманово.

Договорот, чијашто цел е соработка во различни сфери од општествениот живот меѓу двете општини во Македонија и Србија, го потпишаа градоначалникот на oпштина Куманово, Максим Димитриевски и градоначалникот на Нови САД, Милош Вучевиќ.

„Свечениот чин на потпишување на Договорот за збратимување, беше одлична можност Градоначалникот Димитриевски да ги поздрави и сите присутни членови на бројните делегации, кои пристигнаа во Куманово по повод 11 Ноември, празникот на нашиот град“, велат од општината.

Градот Нови Сад и општина Куманово ќе воспостават соработка во областа на културата, науката, образованието, туризмот, спортот, во реализација на програми во областа на социјалната заштита, урбанизмот и комуналната дејност.

„Пријателството кое трае веќе долги години денес формално го потврдивме. Посебна чест ни е тоа што го потпишавме овој договор баш во рамките на одбележувањето од 75 години од ослободувањето на Куманово во Втората светска војна и 500 години од постоењето на овој град“, рече Вучевиќ.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе