Градежни работи на патот Велес – Градско и од Ново Лагово до Боротино, вонреден сообраќаен режим

Поради градежни работи за рехабилитација на регионален пат Р1102, делницата Велес – Градскo ќе биде затворена за сообраќај од денеска па во наредните девет месеци, согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

Од денеска започнуваат градежни зафати (асфалтирање) и на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 9 до 16 часот секој ден освен недела. Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе