Иновации

Гостиварски средношколци селектираат отпад со „паметни“ канти

Учениците во Средното економско општинско училиште во Гостивар со помош на „паметни“ канти ќе го селектираат отпадот и ќе добиваат награди. Во училиштетото се поставени шест канти во кои може да селектираат хартија, пластични шишиња и лименки.

Идејата на група средношколци беше реализирана деновиве преку програмата UPSHIFT за иновативни решенија.

„Нашиот проект беше избран во конкуренција на повеќе училишта од земјава, а пет добија финансиска поддршка. Идејата е на иновативен начин да се поттикнат учениците да ја развиваат свеста за селектирање и тоа да го прават секојдневно“, вели професорката Анета Талеска-Манеска ментор на проектот.

Поставените канти имаат електронски систем за регистрирање на секое парче отпадок, по што на дисплеј се појавува код кој учениците го испраќаат преку посебна апликација од мобилен телефон. За секое 100-то парче, училишната управа подарува симболичен подарок (слушалки, усб стик и слично).

За реализација на проектот за „паметни канти“ преку програмата UPSHIFT, која што е поддржана Фондот за иновации и технолошки развој и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, училиштето доби 2.000 евра.

МИА

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе