Цантар за управување со кризи

Гори низ цела земја, пожарите никако да стивнат

Во текот на вчерашниот ден, од утрото екипа на БППЗ на Град Скопје гаснале пожар на м.в. Љуботенски бачила. Опожарена е нискостеблеста шума и трње. Поради силниот ветер пожарот се ширил кон место викано „Башинец". Теренот е непристапен, затоа е побарано да дејствуваат авионите на ДЗС. Во гасење на пожарот интервенирале и вработени од Шумско Стопанство Караџица, соопштуваат од Ценатарот за управување со кризи.

Исто така, во попладневните часови, по дојавата за појавен шумски пожар  интервенирано е на запалена мешана шума и сува трева над с. Сушица. Во гаснењето се вклучени и неколку работници од Караџица. (Општина Петровец);

 Велешки регион

Во општината Чашка, пожарот во атар на с.Црешнево е активен. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Велес и ШС Бабуна. Од ШС Бабуна најавија дека во раните утрински часови ќе се упатат екипи за гасење. Исто така, пожарот во атарот на с.Богомила и пожарот во атар на с.Мокрени се активни. Интервенирале вработени од ШС Бабуна. На теренот имало силен ветер кој го отежнувало гасењето. Од ШС Бабуна најавија дека во раните утрински часови ќе се упатат екипи за гасење.

Тетовски регион

Пожарот кај с.Луковица, опш.Желино. е се уште активен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале од ЈП Македонски Шуми Лешница, вработен од ДЗС Тетово и од ЕЛС Желино. Потпомогнат од силниот ветер пожарот се ширил кон село Седларево. Поради неможност да го стават под контрола, побарана е интервенција на авионите од ДЗС.

Во општина Гостивар, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, пријавен е шумски пожар кај село Ѓурѓевиште. Интервенирала екипа на ТППЕ Гостивар и пожарот е локализиран.

 Охридски регион

Од ТППЕ – Македонски Брод известуваат дека пожарот во атар на с.Рамне е активен. Гори ниска деградирана шума и смрека на многу непристапен терен. На гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од ШС.Сандански, лица од опш.Македонски Брод, како и лица од месното население. Пожарот поради ветерот се ширил кон населеното место Рамне од кое е евакуирано едно лице кое живее во него.

Пожарот во  атарот на село Ботушје е сеуште активен. Гори дабова шума. На гаснење на пожарот биле ангажирани  вработени од ШС Сандански.

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови појавен е пожар на запалена сува трева во атарот на с.Црешово м.в. Старовци. Во гаснење на пожарот биле ангажирани лица од ШС Сандански.

 Штипски регион

Пожарот во м.в Цареви колиби с.Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума сеуште е активен. Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички. Поради временските услови екипите биле повлечени од терен а останале само дежурна екипа за следење на пожарот.

Во текот на вечерните часови, пријавен е пожар на сува трева во село Пресека Кочанско. Интервенирала екипа на ТППЕ Кочани и Македонски шуми, која констатирала дека пожарот на сува трева има можност да ја зафати боровата шума, но, поради временските услови се планира да се интервенира во утринските часови.

Кумановски регион

Пожарот во атарот на с.Живиње према с.Сушево-скопско е сеуште активен. Гори нискостеблеста шума. На гасење на пожарот интервенирала екипи од ТППЕ-Куманово.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе