Гори низ цела Македонија, најкритично во Крушевско

Пожарот што почна вчера во атарот на село Норово кон село Селце сè уште е активен. Во текот на ноќта и раните утрински часови се шири зафаќајќи мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради оваа ситуација во утринските часови беше ангажиран и хеликоптер од АРМ. Истиот е сè уште на терен и го гасни пожарот, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

„На територијата на општина Крушево активен е и пожарот кај с.Јакреново, гори нискостеблеста дабова шума., со можност за проширување.

Пожарот кај селата Луковица и Седларево-општина Желино кој е започнат на 27.03.2019 година, утрово повторно е активиран. На местото е упатена екипа од вработени од ШС-Лешница кои интервенират во локализирање и гасење на истиот.

Шумски пожар има помеѓу селата Мренога и Вирово, гори нискостеблеста дабова шума, а на терен има вработени од  ШС Бигла Демир Хисар.

Шумски пожар има во атар на с.Гостиражни каде гори дабова шума. Пожарот е префрлен од Велешка општина. Се интервенира со вработени од ШС „Црн Бор„ – Прилеп.

Пожар во атар на с. Полчиште м.в. Торнева нива, гори сува трева, врба, дабова шума и истиот е проширен и во борова шума. Од страна на ШС „Црн Бор“-Прилеп ангажирани се вработени за гаснење на пожарот.

Во моментов во Македонски Брод има активен пожар во атарот на село Рамне на терен има екипа од ШС,,Сандански,,-М.Брод.

Штипски регион

Пожарот кај село Пресека, во непосредна близина на манастирот Св. Богородица, кој избувна на 30.03.2019 година е активен. Зафатена е борова шума, на пожарот  интервенираат вработени од Шумското стопанство, ТППЕ Кочани, МВР ПС Кочани КЈП Водовод и  Општина Кочани.

Пожарот што избувна кај с.Владимириво е делумно ставен под контрола. Еден крак  се уште гори. На терен се од ШС Малешево и  луѓе од месното население кои работат на локализирање.

Скопски регион

Пожарот кај Љуботенски бачила  е сеуште активен, во гаснење на пожарот интервенираат вработени од ШС Караџица.

Велешки регион

Пожарот во атарот на с. Црешнево е сеуште активен. Екипита од ШС Бабуна со луѓе од месното население се на терен и го гаснат пожарот.

Пожарот во атарот на с.Мокрени е исто така активен во два правци едниот према прилепска страна и уште еден према с. Богомила.  Гори сув папрат. На терен интервенираат вработени во ШС Бабуна.

Пожарот северозападно од с.Ореше е исто така сеуште активен.

Струмички регион

 Активен е  пожарот помеѓу с. Бајково и Бадилен над с.Ново Коњарево. На терен се од ШС Беласица, ЈКП Комуна Ново Село и од ТППЕ Струмица.

Охридски регион

Пожарот кај с.Поум е сеуште активен. Гори нискостеблеста шума. Екипа на ШС-Јабланица-Струга е на терен но поради непристапноста на теренот гаснењето на пожарот е многу отежнато.

Пожарот кај с.Поун е сеуште активен, на терен се екипи на ТППЕ-Струга“, информираат од ЦУК.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе