„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај", велат во одговорот од МВР.
Од таму апелираат секој граѓанин кој што бил жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица.
„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки", додаваат од полицијата.
Во објавите по социјалните мрежи членовите на групата „Јавна соба" бараат да се објави идентитетот на девојката која случајот го пријавила во полицијата откако нејзина експлицитна фотографија се нашла во групата. Членовите ја нарекуваат девојките со погрдни и безобразни зборови.
Првата ваква група која беше откриена, во јавноста се појави пред една година. За сега дискутабилно е прашањето дали оваа група некогаш воопшто згаснала.
К.Д.