Голема полициска акција, се апсат осомничените за пукањето во Александар Палас

Во полициската станица Карпош приведени се на распит двајца од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас. Други двајца од оштетените утрово биле на распит, дознава Телма.

Како што пренесува телевизијата Телма приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив. Се уште се трага по напаѓачите кои биле маскирани.

Во саботата, околу полноќ три лица пукале во лица кои седеле во хотелот Александар Палас, при што интервенирал полициски службеник, пукајќи кон нив, а кој во тоа време не бил на должност. Во инцидентот немаше повредени.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе