Голема дупка се појави во дворот на кумановско семејство (ФОТО)

Невообичаено голема дупка се појави во дворот на кумановското семејство Азировиќ во Куманово во месноста „Багрем Бања". Овој невообичаен настан го регистрираше и Регионалниот центар за управување со кризи, во чие соопштение се наведува дека пропадната земја има пречник на отвор 50 до 60 сантиметри што надолу се проширува до 150 сантиметри и повеќе, на длабочина од пет до шест метри.

Сопствениците, Селвер и Кумрија Азировиќ додека го расчистувале дворот, непријатно биле изненадени гледајќи ја големата дупка во дворот, што според нив се појавила ненадејно. Соседите им кажале дека станува збор за бункери градени во минатото.

„Многу е голема како да е градена, се гледа простор каде може да се движи, како бункер граден во минатото“, вели Азировиќ.

Соседот, повикал служби кои дошле и ја констатирале состојбата.

„Дупката се појави ненадејно, ја виде сопругата додека чистеше, таа ме повика и јас и реков да се потргне, бидејќи е опасно. Пријави соседот, дојдоа од општината, од службите. Малку ни е страв, спиеме кај роднините“, рече Азировиќ.

Тие велат дека го купиле плацот од соседите во 1993 година, кои претходно го користеле за насад од грозје. Тие и претходно ја доградувале куќата со парите спечалени во Германија.

В понеделник, стручните лица ќе ја согледаат состојбата и ќе кажат какви чекори ќе бидат преземени. Граѓаните од оваа населба велат дека во овој дел има скривници градени во минатото.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе