Саем на пронајдоци Архимед

Голем успех на македонските пронаоѓачи во Москва, награди за Драги Рашковски, Toни Велевски и Саше Јандрески

Учеството на претставници на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM) со патентираните пронајдоци од тројца македонски пронаоѓачи на меѓународниот саем на пронајдоци Архимед во Москва (XXIII Moscow International Salon of Inventions and Innovation Technologies ARCHIMEDES) од 24 до 27 март заврши со голем успех.

Награди добија:

Проф. Д-р Драги Рашковски за својот патентиран пронајдок „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот со определување на просечната брзина и изрекување на казни“ освои Пехар и Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.

Тони Велевски за својот патентиран пронајдок „Опрема за редење и нижење на листови од тутун“ освои Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од Сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.

Саше Јандрески (ученик во II год. од гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп) за својот патентиран пронајдок „Мултифункционален стерилен медицински шприц“ освои Златен медал од стручното жири; Златен медал – специјална награда од Сојузот на пронаоѓачи на Севастопол и Специјална награда – Диплома од рускиот Volgatech University.

Архимед е еден од најреномираните светски саеми за пронајдоци и иновативни технологии, а оваа година на саемот беа поднесени повеќе од 3.000 пријави од целиот свет. По извршената селекција од страна на комисијата одобрено е учество на околу 600 високорангирани патентирани пронајдоци, меѓу нив и сите три поднесени од Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM).

Поради пандемијата беше откажано учеството на повеќе држави, посебно од оние кои се сметаат за ризични, но сепак учествуваа 24 држави, како и 35 региони од Руската Федерација. Ова е трета година по ред со успешен настап на Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија на овој светски саем на пронајдоци и иновативни техологии.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе