Конференција

Го губиме агробиодиверзитетот, државата нема слух за заштита на автохтоните сорти

Се соочуваме со губење на агробиодиверзитетот зашто популацијата старее и луѓето си одат од селата, а тие всушност ги одгледуваат, зачувуваат и заштитуваат локални сорти. Иако располагаме со многу автохтони растенија, ни мал дел од нив не е испитан, беше речено денеска на онлајн конференцијата што ја организираа Здружението за донирање храна „Ајде Македонија" и Фондацијата „Аполонија" од Гевгелија.

Државата воопшто нема слух за заштита на локалните раститетлни видови и досега на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) му нема дадено ниту денар за истражување во овој сегмент, истакна професорката Соња Ивановска.

Според Ивановска, не сакаме да го вреднуваме она што го имаме. Земјава нема капацитет за одгледување комерцијални култури. И цела држава да одгледува домат, не ќе може да ги задоволи потребите на еден голем супермаркет во Европа. Нашата иднина лежи во интересните, традиционални продукти со додадена вредност прозиведени од локалните земјоделци.

„Кај политичарите воопшто нема слух за оваа работа, а целиот потенцијал на земјата лежи во локалните, автохтони сорти. Ние, ФЗНХ, од Владата немаме добиено ниту денар за какви било активности поврзани со заштита на растителниот агробиодиверзитет. Имаат добиено сточарите и тие го водеа проектот за заштита на расите. Земјоделскиот институт, Институтот за тутун во Прилеп и поранешниот институт за јужни култури во Струмица кој сега е дел од Земјдоелскиот факултет во Штип, неколку години немаат добиено никакви пари од Владата. Претходно добиваа смешна сума која ја делеа на три дела. Институтот за тутун добиваше пари за да зачува локални стари сорти тутунот, а никаде во светот во агробиодиверзитет не се вклучува оваа култура, зашто е комерцијална. Ниту една држава не поддржува истражување тутун, тоа го прават фирмите. Не се направија активности за да се организираме и да се поврземе сите. Работевме на своја рака, со свои пари“, напомена професорката.

Таа порача дека државата треба да има посебна стратегија и акциски план како да го заштити агробиодиверзитетот.

 

-Нашиот агобиодиверзитет е на многу повиско ниво од која било друга земја во Европа. Се уште имаме голем процент на сиромаштија и тоа е главниот мотив поради кој земјоделците и локалните жители во помалите места се уште одгледуваат по нешто во двор, а со тоа го одржуваат и агробиодиверзитетот. Мора да се избориме да добиеме соодветна помош од Владата која ќе биде константна, потенцира Ивановска.

Професорката не прецизираше со колку локални видови располагаме, но рече дека имаме многу. Кај житата диверзитетот е најмал зашто е практично изгубен. Се што било старо веќе го нема или многу ретко може да се најде. Можеби има уште некои стари видови кај рж и овес, но пченица не, зашто сите земјоделци купуваат комерцијални сорти. Изгубен е, нагласи, биодиверзитетот кај пченицата.

Листата на автохтони сорти не е добра, дополни, и треба да се преуреди, точно да се знае што ќе се стави внатре. – Сите велиме, имаме ова, имаме она, но всушност не знаеме што имаме. Недостасува државна помош, истакна Ивановска.

Според професорот Љупчо Михајлов од Земјоделскиот факултет во Штип, во земјава има 2.800 автохтони растителни видови од кои најголем процент се винова лоза, околу 30 отсто  се житарки, а мал дел се овошки. Останатите се други растителни видови.

Михајлов ги посочи карактеристиките на автохтоните растенија, нагласувајќи ја нивната способност за прилагодување, а оттука и нивното значење од аспект на сигурен род и принос.

-Автохтоните сорти се најдобро прилагодени на средината во која живеат и на стрес, со можноста за нивно прилагодување на различни ситуации не го доведуваат во прашање сопствениот метаболизам и динамиката на фотосинтеза. Успеваат да го надминат периодот на вегетација на интрудираните, воведени, донесени сорти и хибриди. Најчесто автохтоните сорти се со повисок процент суви материи, минерали и витамини. Поиздржливи се и тоа ги прави отпорни на болести. Создаваат секундарни метаболити, знаат како да го издржат неповолниот период, објасни професорот.

Љупчо Василев од здружението за промоција на агробиодиверзитетот „Фабија", укажа како во развиените земји, па и во некои држави од регионот се постапува за зачувување на автохтоните сорти. Освен воспсотавување т.н. банки или библиотеки за семе од каде секој, па и обичен човек може да дојде и да си земе доколку сака да посади нешто на балкон или во двор, се организираат саеми, како и пазари за стари сорти и семиња.

-Кај нас промоцијата, а на тој начин и заштитата би можеле да се реализираат и преку правење производи како ајвар или пинџур со домашни видови пипер, сончоглед, црн патлиџан или со добивање леб од стари житарки, со козјо, овчо млеко. Има многу традиционални рецепти кои би можеле да се искористат за оваа намена и кои базираат на стари, автхтони култури, рече Василев.

Во земјава засега, како што информира професорката Ивановска, има само две ген банки кои чуваат семе според светските стандарди, едната е на Земјоделскиот факултет во Штип, а другата на Земјоделскиот институт во Скопје.

На конференцијата не учествуваше претставник од Министерството за земјоделство иако бил, како што рекоа организаторите, уредно поканет. Од него се очекуваше да каже дали и како е регулиран делот на агробиодиверзитетот.

Онлајн конференцијата ќе продолжи утре и задутре, а целта е, освен отворање прашања и поттикнување дебата, да се поврзат сите чинители и да иницираат крерираање систем за поддршка, заштита и промоција на агробиодиверзитетот. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе