Ги запознаваме ретките болести: 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози

Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, во чии рамки ќе биде осветлена и Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид.

„Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести. Преку соодветни текстови, видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно  едукативен карактер  на кој  работеа професори и доктори од Детската клиника  и Клиниката за неврологија во Скопје во текот на изминатата година“, велат организаторите.

Тие потенцираат дека со овој проект сакаат да ја подигнат јавната свест со цел да се доближат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести, до јавноста и институциите. Изработени се 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик. На овој начин ќе се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози.

Осветлувањето на Самоиловата тврдина, која ќе биде осветлена во текот на целиот месец февруари е дел од глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.

За подетално запознавање на јавноста со кампањата денеска во Охрид ќе биде одржана и прес конференција.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе