Австриски Стандард: Светкавиот Боки 13 ги растрепери Македонците

Влијаење врз обвинители, многу пари и добри врски: шоуменот Бојан Јовановски ѝ донесе неволја на владата во Скопје, пишува австриски Стандард.

Аферата ги има сите состојки на една сапунска опера. Главната улога ја игра влијателен бизнисмен по име Јордан Камчев, со нето-богатство од 228 милиони евра, најбогатиот човек во северна Македонија. Тој е обвинет, меѓу другото, за формирање криминална организација, измама и перење пари. Потоа, тука е шефицата на Специјалното јавно обвинителство, која всушност треба да дејствува против корупцијата. Катица Јанева сега е осомничена дека зела пари за да го пушти Камчев од куќен притвор.

Третиот играч е светкавиот шоумен Бојан Јовановски, кој понекогаш со златно-црни очила за сонце и во женска облека глуми трансвестит и под името Боки 13 ужива голема слава. Тој е сопственик на ТВ-станица наречена Еден ТВ и има одлични контакти со владата на социјалдемократите.

Бојан Јовановски ака Боки 13 се смета за блескава фигура во северна Македонија. Во моментов, сепак, владините лидери претпочитаат да имаат што е можно помалку врска со него.

За Боки 13 се вели дека бил посредник помеѓу Јанева и Камчев. Тој и неговиот соучесник се во притвор. Боки 13 беше уапсен на 15 јули, носеше торба од Луи Витон со 1,5 милион евра. Јанева стана уште посомнителна кога рече дека загубила еден од своите мобилни телефони. Тој подоцна беше пронајден во Белград, но податоците беа избришани.

 

Опасност за владата

Во меѓувреме, скандалот со аудиоснимките на италијанскиот весник „Ла Верита“ стана сериозна закана за владата, бидејќи во нив се споменува и премиерот Зоран Заев. На нив може да се слушне Боки 13 како зборува дека се познава со Заев и вели дека тој „нема да предизвика никакви проблеми“, како Заев да е запознаен со ова прашање. Самиот Заев ги отфрли сите обвиненија и рече дека разговарал со Јовановски алијас Боки 13 само за неговите хуманитарни активности. Тој нема да дозволи „неколку криминалци, суетен новинар и педер да ја соборат владата“, рече премиерот.

Шефот на владата го употреби зборот „педер“, кој означува „момче напасник“, односно педераст, но на Балканот се користи како негативен термин за „геј“, вели Стандард. Изборот на зборови на Заев предизвика огорченост. Според порталот Курир, Боки 13 сега се заканува дека ќе објави докази за наводните коруптивни дела на Заев доколку во рок од три дена не биде пренесен во психијатриска болница.

Во целиот овој летен театар останува непознато кој ги направил аудиоснимките и со каква цел. Верита се смета за десничарски медиум, а десничарската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ги има сите причини да му наштети на специјалното обвинителство. Голем број претставници на ВМРО, пред сè експремиерот Никола Груевски, беа изведени пред суд. Осуден за злоупотреба на службената должност, Груевски избега во Унгарија кога требаше да отиде во затвор.

 

Кредибилитетот е оштетен

ВМРО-ДПМНЕ сега бара оставка од Заев и предвремени избори. Во меѓувреме, владата се обидува да ја намали штетата - и назначи тим против корупцијата. Но кредибилитетот на Специјалното обвинителство веќе е оштетен - тоа беше единствената институција во која Македонците навистина имаа доверба. На снимките неговата шефица Јанева може да се чуе како разговара со Боки 13. Таа вели дека има „сè под контрола“. Сега призна дека разговарала со Боки 13, но не за договорот со Камчев. Таа ги отфрла сите обвинувања.

Другите снимки се однесуваат на дискусиите помеѓу Камчев и Боки 13. Боки 13 требало да постигне да биде укинат куќниот притвор на Камчев, да му се врати пасошот и да се затвори неговиот случај. Парите за тоа Камчев веќе ги изброил, завршува Стандард. 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе