Генералот Стојанче Ангелов запали свеќи на местото на злосторството кај Вејце

И годинава, како и претходните години делегација на партијата Достоинство, на чело со генералот Стојанче Ангелов одаде почит на загинатите припадници на армијата и на полицијата во заседата кај Вејце на 28 април 2001 година.

„Дваесет и една година подоцна, осум црвени ружи и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски бранители, убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Да не се повтори, да не се заборават: Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24) и Бошко Најдовски (24), сите од Битола. Вечна ви слава, херои македонски“, напиша Ангелов на Фејсбук. 

Во Вејце загинаа Роберт Петковски (27) од скопско Бунарџик, Игор Костески (26) од Кисела Вода, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Марјан Божиновски (27) од битолско Горно Оризари, Илче Стојановски (24) од битолско Породин, Бошко Најдовски (25) од битолско Долно Оризари и Кире Костадиновски (24) од битолско Горно Оризари.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе