ЗОО Скопје со поддршка на хуманата мисија на Али

Галетановски го донираше својот лаптоп на сирачиња, ќе обезбеди и уште 20 таблети

Хуманитарецот Февзи Али, берберот од Чаир за кого МКД.мк ја објави приказната дека го продаде својот џип БМВ Х5 за да им купи храна на гладните, поттикна на хуманост и други личности. Овој пат хуманоста на дело ја покажа и директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски. Денес тој се сретна со Али и како одговор на повикот за поддршка и хуманост, Галетановски го динираше својот лаптоп комјутер. Освен тоа, Зоолошката градина ќе обезбеди и уште 20 таблети за деца на кои им се неопходни, а кои не можат да си купат за следење на онлајн наставата.

Во изјава за МКД.мк директорот Галетановски вели дека во вакви тешки моменти треба секој кој што може, да помогне онаму каде што е најпотребно.

„На работа имам службен компјутер. Оној што го имам дома речиси и да не го користев и е скоро нов. Подобро е некое дете да се радува и да учи на него. Како дете и јас гледав кога другите имаа и знам како е да немаш. Сите деца мора да имаат услови за следење на онлајн наставата. Ќе обезбедиме и 20 таблети за други деца. Али е чесен човек и ќе ги однесе на вистинското место, онаму каде што најмногу се потребни", вели Галетановски.

Хуманитарецот Али деновиве доби помош и од граѓани кои му испратија облека и храна за семејствата кои секојдневно му бараат и кои немаат примања.

Али вели дека е благодарен за донацијата од Зоолошката градина во Скопје и изрази надеж дека и други функционери, но и граѓани кои можат ќе го следат неговиот пример и примерот на Галетановски.

„Му благодарам на директорот на Зоолошката градина за својата хуманост со која денес израдува деца кои се сирачиња без еден родител. ЗОО Скопје ќе обезбеди уште 20 таблети за и други дечиња да може да следат онлајн настава", вели Али.

Пред неколку дека Али беше и на средба со претседателот Стево Пендаровски.
Тој побара да му се обезбеди помош за да се отвори народна кујна во која самохраните мајки кои се без примања ќе можат да работат, а за тоа да земаат плата, а ќе се хранат лица кои се без примања.

 К. Додевска

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе