Француска поддршка на активностите за соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро

Франција ги поддржува активностите што се спроведуваат во насока на почитување на законските прописи, а се однесуваат на соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на својот фејсбук-профил поосчува дека на денеска остварената средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние биле поздравени заложбите и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Георгиески ја искористи можност преку социјалните мрежи да изрази јавна благодарност до Амбасадата на Франција во земјата за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе