Форум за граѓански активизам: Најцрна година на патиштата во Македонија

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства кои живеат во трагедии - возачите секојдневно гинат на патиштата во државата. Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапатните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година, се вели во соопштението на Форумот за граѓански активизам.

„Статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се консатитира дека 2019 година е најцрна година на патиштата во Република Северна Македонија, споредувајќи ги последниците 20 години. Само за пример во споредба: во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20% во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25%.

Во првите шест месеци од 2019 година согласно податоците добиени од Министерството за внатрешни работи 70 лица загинале во сообраќајни незгоди на патиштата во Република Северна Македонија.

Статистиката и бројките одат нагоре, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди. Во нив досега се загинати стотина луѓе, а илјадници се повредени.  Неодамна еден полициски службеник го загуби својот живот во сообраќајна незгода, еден беше повреден, пред неколку дена уште два полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода.

„Безбедноста на сообраќајот на патиштата е една од приортетните теми на Европската Унија. За жал во последно време во Република Северна Македонија се чини дека ова е една од најмаргиналните теми за државните институции. Ниту една институција не презема крајна одговороност да го реши овој важен проблем за граѓаните“, велат од Форумот за граѓански активизам.

Европската Комисија во јуни објави стратешки документ со кој преку индикатори ќе се следи состојбата на безбедноста на патиштата во земјите членки на унијата. Во таа насока документот предвидува намалување на бројот на жртви во сообраќајни за 50% до 2030 година.

„Политиката и партиските интереси се за политичарите, грижата за граѓаните е обврска на Владата и останатите државни институции. Во таа насока ги повикуваме и апелираме до сите надлежни институции без одложување да го стават ова прашање на врвот на агендата. Македонија е земја која ќе биде членка на НАТО и земја која стреми да биде член на ЕУ, а безбедноста, грижата и здравјето за граѓаните се приоритет во високоразвиените земји. 

Институционалните промени треба да бидат координирани, а пред сѐ насочени кон реформа и зајакнување на легислативата од страна на Министерството за внатрешни работи, вложување во инфраструктура и изградба на модерни патишта од страна на Министерството за транспорт и врски, побрз одговор при случена сообраќајна незгода од страна на Министерството за здравство и конечно формирање на водечко тело за подигнување на безбедноста на патиштата кое треба да биде грижа на Владата“, се вели во апелот на Форумот за граѓански активизам. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе