Фирма на Усеини се пријавила да урива дивоградби, од Општина Охрид велат дека ќе постапат според мислењето на Антикорупциска

Општина Охрид ќе постапи по насоките на Антикорупциската комисија изнесени во мислењето од 16 јули, а во врска со судир на интереси на носители на јавни функции при учество на тендери распишани од локалната самоуправа, соопштуваат од општината.

Мислењето на Антикорупциска комисија доаѓа откако на тендерот за уривање на дивоградби се пријави фирма во сопственост на советникот Нефи Усеини.

„Од Државната комисија за спречување на корупција, до Општина Охрид е испратен допис со мислење дека ќе настане состојба на судир на интереси доколку општината склучи договор со правно лице каде како сопственик се јавува член на Советот на Општина Охрид, а како управител се јавува член на неговото семејство.

Во дописот пишува дека советник во советот на општината, во смисла на член 8 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси има статус на службено лице и извршува јавни овластувања и должности, а во насока на член 51 став 1 од истиот Закон „Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“. Врз однова на ова мислење од Државната комисија за спречување на корупција, Општина Охрид ќе постапи согласно сите Законски регулативи“, се вели во соопштението на општината.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе