По написите во медиумите

Финансиска полиција и пазарна инспекција го истражува банкротот на „Нефа мебел“

Управата за финансиска полиција ќе го проверува работењето на фирмата „Нефа мебел“, откако стотина граѓани останаа измамени со наводниот банкрот на компанијата. Салоните на „Нефа мебел“ се затворени, а некои граѓани останаа без мебелот што го платиле.

„Отвораме предистрага по допрен глас добиен од медиумите. И Пазарната инспекција побара да се вклучиме во проверките за измамените граѓани“, велат од Управата за финансиска полиција.

Српско-руската фирма „Нефа мебел“ ги затвори салоните и во Србија, каде што исто така поголем броој на нивни муштерии останаа со неиспорачани парчиња мебел за кои платиле.

Српските медиумуи оценуваат дека се работи за измама на деценијата.

Рускиот инвеститор Андреј Ходашевич ветува дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите и оти до 31 мај ќе ги уплати парите на сметката на српската компанија за да се вратат парите на тие што нарачале мебел и да се исплатат платите на вработените.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе