Од 24 до 29 август тимот на еколошкото движење „За почиста Македонија“ тргна на турнеја во Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип организирајќи акции во секој град со поддршка од локалните жители. „За време на Ѓубре турата (TrashTour) се соочивме со интересни предизвици, научивме многу нови работи, стекнавме скапоцено искуство, запознавме многу убави луѓе и имавме презабавна дружба и авантури. Сето ова го скоцкаме во еден краткометражен филм. Се надеваме дека овој филм ќе служи за потсетник дека има многу луѓе на кои им е дојдено преку глава од ѓубрето во Македонија и дека се подготвени да се активираат за промените што сакаат да ги видат. Се надеваме дека овој филм ќе ви ја разгори желбата за активност и ќе ве мотивира да бидете примерот за другите“, велат од „За почиста Македонија“.