Филипче: Од 21 јануари кафулињата ќе работат до 21 часот, ќе се разгледува барањето за до 23 часот

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека Владата ќе донесе одлука за враќање на работното време на кафулињата и рестораните до 21 часот, со образложение дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспитализирани пациенти во болниците и има доволно слободни болнички кревети.

„Единствено нешто што сигурно ќе се случи е дека од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Согласно проценката на ситуацијата до 21 јануари, ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има. Сите други мерки остануваат на сила“, рече Филипче по посетата на Институтот за судска медицина.

Работното време на кафулињата и рестораните до 18 часот започна да се применува од 18 декември и беше дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, за да се спречат групирања и новогодишни прослави.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе