За македонските граѓани

Филипче: Грција ќе ја отвори границата на 14 мај, се чека и официјално известување

Грција на 14 мај ќе ги отвори границите за македонските граѓани, кои ќе треба да приложат сертификат од вакцина или ПЦР-тест не постар од 72 часа, а официјално известување од тамошните власти треба да стигне во периодот што следува.

Министерот за здравство Венко Филипче потврда за отворање на границите добил од грчкиот министер за туризам Хари Теохарис, со кого разговарал вчера.

„Вчера разговарав со грчкиот министер за туризам Теохарис, кој потврди дека грчката влада сѐ уште е на ставот, и за тоа во периодот што следува и официјално ќе нѐ извести дека границите ќе се отворат на 14 мај. И за влез во Грција ќе биде потребен или сертификат од вакцина, по овој терк што ние го имаме, или кој го издава Србија, или алтернативно ПЦР-тест не постар од 72 часа. И ова важи за сите земји, граѓаните на некои земји ќе може да влезат и со потврда за негативен брз антигенски тест, но не знаат сѐ уште дали тоа ќе важи и за нашата, и за тоа ќе нѐ известат во следниот период“, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања во Детската клиника.

На прашањето за македонските државјани што се вакцинираа во Србија против ковид-19 и имаат примено две дози од вакцината и имаат документи за вакцинација, Филипче рече дека при патување тие граѓани ќе можат да ги користат тие документи што им се издадени таму.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе