Настанот го организира ЗИП Институт, со помош на Општина Сарај.
Фестивалот ќе почне во 14 часот со настапи на културно-уметнички друштва, а воведни обраќања ќе имаат Агим Селами, директор на ЗИП Институт, Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај, Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегација на Европска Унија и Флоријан Ќехаја, амбасадор на Република Косово.
Програмата на фестивалот вклучува отворање детско катче за најмладите посетители и богата културно-уметничка програма со традиционални песни, танцување и стенд ап комедија.