Фајненшал тајмс: ЕУ не смее да го остави Балканот сам на себе

ЕУ не би требало да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, оценува Фајненшал тајмс.

Европската Унија би можела да направи историска грешка на Балканот, бидејќи лидерите на Унијата на самитот во јуни треба да одлучат за пристапните преговори со Албанија и Македонија. Одлуката треба да биде едногласна, а некои земји како Франција и Холандија се колебаат со следната фаза на проширувањето на Унијата, наведува ФТ.

Французите сакаат ЕУ да се фокусира на своите реформи, јакнењето на зоната на еврото и избегнувањето на мерки кои би можеле да ги зајакнат националистичките и популистичките струи. Меѓутоа, тоа би можело да се сврти против Унијата, која смета дека ја има контролата врз Балканот, смета британскиот весник.

Се наведува примерот на решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција, со што Скопје наводно покажало дека се откажува од ултранационализмот на претходниците. Македонскиот народ можеби ќе се праша дали ЕУ некогаш ќе ги отвори своите врати ако дипломатијата и управувањето со националните димензии на конфликтот околу името не бидат наградени со пристапни преговори, смета ФТ.

Таквото доцнење би ги одложило реформите во Македонија, би ја поткопало борбата против корупцијата и организираниот криминал, а со тоа би можел да заживее македонскиот шовинизам, оценува весникот.

„Ако вратите на ЕУ останат затворени, умерените струи можат да бидат дискредитирани. Меѓутоа, постои и опасноста вратите да бидат отворени само за Макеоднија, а Албанија да биде оставена да чека. Таквата иницијатива би долеала масло на огнот на паналбанскиот национализам“, наведува ФТ и додава дека би постоел ризик од експлицитно оживување на идејата за „голема Албанија“.

Британскиот весник во својата анализа смета дека таквото сценарио дополнително би ги поткопало напорите за решавање на прашањата меѓу Белград и Приштина и би ги засилило тензиите меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите во БиХ.

„Ако се зајакне регионалната нестабилност поради срамежливоста на ЕУ, тогаш ќе се создаде погоден терен за странско мешање“, се додава во анализата наведувајќи ги влијанијата на Русија, Турција и Кина.

Оние кои го критикуваат проширувањето на ЕУ се во право кога велат дека во балканските земји квалитетот на демократијата и правната држава е понизок во однос на нормите на ЕУ. Но, довербата на регионот во ЕУ и ентузијазмот на неговиот народ за тешките реформи неопходни за членство ќе бидат намалени ако на самитот на ЕУ во јуни не се испрати позитивен сигнал, заклучува британскиот весник.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе