Се работи на дефектот

ЕСМ: Осигурувач е причината за експлозијата во ХЕЦ Вруток

Избивање на осигурувач е причината за експлозијата во ХЕЦ Вруток. Од ЕСМ за МКД.мк велат дека има прекин во мрежата. Ова не е прв пат да има ваков дефект и вакви слични дефекти, според ЕСМ се случувале и порано.

„Има прекин во мрежата. Се работи за избивање на осигурувач. Екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот. ХЕЦ Вруток наскоро ќе биде во мрежа. Вакви дефекти се случувале и порано", ни изјавија од ЕСМ.

Од тамѕ додаваат дека станува збор за краток, петнаесетминутен прекин, во работата на хидроцентралата, заради осигурувач на вод кон гостиварските села.

“Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста“, нагласија од ЕСМ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе