ЕУ-тендер за производство на ТВ програми за културно наследство во Македонија

Делегацијата на Европската унија во Република Македонија информира дека распиша повик за тендер за продукција на ТВ програми за културно наследство во Северна Македонија и нејзините соседни земји.

Како што се наведува во објавата, целта на овој проект е да произведе ТВ програми со информативен и забавен карактер за културното наследство во Северна Македонија и нејзините пет соседни земји. ТВ-програмите треба да промовираат култура и туризам, посветувајќи посебно внимание на регионалната и прекуграничната димензија, вклучително, меѓу другото, и промовирање на европските вредности на помирување и поддршка на слободата на изразување. ТВ-програмите треба да привлечат поширока публика во Северна Македонија, но и во нејзините соседни земји.

Апликациите треба да се достават во електронска форма, изборот ќе се изврши според критериумит најдобар сооднос на цена и квалитет, а вкупната вредност на тендерот е 1.350.000 евра. 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе